Top Sport

Гвардиола со писмо ќе ја објаснува жолтата лента

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола вели дека ќе напише писмо до Фудбалската асоцијација (ФА) во кое ќе ја објасни причината поради која ќе продолжи да носи жолта лента на реверот, откако ФА го обвини за „политичко демонстрирање“.

47-годишниот Гвардиола со жолтата лента дава поддршка на затворените каталонски политичари во последните месеци и најави дека ќе продолжи да ја носи бидејќи „прво е човек, а потоа менаџер“.

„Ќе им напишам писмо во кое ќе ја опишам мојата позиција. Подготвен сум да одговарам пред нив, така што немам проблем“, вели Гвардиола.

Претходно, менаџерот на Манчестер јунајтед и голем ривал на Гвардиола, Жозе Мурињо побара ФА да реагира за Гвардиола да „престане да се глупира“, но дел од навивачите на Сити почнаа да носат жолта лента за својот менаџер.

„Благодарен сум на навивачите, но тие навистина не мора да го прават тоа. Се работи за друга земја, но тие ме поддржуваат. Се надевам дека ја сфаќат ситуацијата со затворените во Шпанија“, изјави Гвардиола.

Гвардиола: Каталонската криза е страшна

Scroll to Top