Top Sport

Солскјер нема намера да поднесе оставка

Башакшехир, против еден од најславните клубови во Лигата на шампионите, Манчестер Јунајтед, ја забележа историската прва победа во елитното натпреварување. Шампионите на Турција победија со 2.1, благодарение на комичните грешки што ги праве во одбраната.

Поразот во Истанбул повторно ги засили шпекулациите дека Оле Гунар Солскјер ќе добие отказ. Менаџерот на Јунајтед не сакал да ги коментира медиумските шпекулации.

„Сезоната штотуку започна, има уште многу да се игра, а секој има право на свое мислење. Морам да останам јак. Вработен сум во Манчестер Јунајтед, мојата работа е заедно со помошниците да го правам она што е најдобро за клубот“, рекол Норвежанецот.

Манчестер Јунајтед, во Лигата на шампионите, има две победи и пораз, додека во Премиер лигата се наоѓа на 15 место, што е најлош старт во првенството од 1972 година.

Scroll to Top