Top Sport

Официјално – идната сезона Формула 1 во Саудиска Арабија

Управата на Формула 1 денеска соопшти дека од наредната сезона во шампионатот ќе се вози и трката за Големата награда на Саудиска Арабија. Ќе се вози ноќна трка, низ улиците на Џеда, идниот ноември. Тоа би требало да е првата трка од новата Ф1 сезона.

„Возбудени сме што на Саудиска Арабија можеме да и посакаме добредојде во Формула 1 за сезоната 2021 и ја поздравуваме нивната најава по шпекулациите минатите денови. Саудиска Арабија е земја која забрзано станува средиште на спортот и забавата, откако претходните години бројни спортски настани се одржуваат токму таму“ рече претседателот на Формула 1, Чејс Кери.

Саудиска Арабија ќе биде третиот домаќин на трка во Формула 1 на Блискиот исток, по Бахреин и Абу Даби.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');