Голманот на ЖРК Вардар, Ина Суслина е најдобар играч во третото коло во Лигата на шампионите. Вардаровата ветеранка го најде своето место во двете категории на ЕХФ, Трите ѕвезди и Топ 5 одбрани.
Вардар во третото коло гостуваше кај Ларвик и го декласира домашниот тим со 31:19. Сусуилна го предводеше својот тим со 17 интевнеции, што и донесе место меѓу Трите ѕвезди.
Една од тие одбрани според ЕХФ заслужи да се најде и меѓу Топ 5 одбрани на третото коло.