Расел Вестбрук ја обележа изминатата ноќ во НБА лигата, откако ја реши драмата во Далас, каде Оклахома победи по едно продолжение 111:110. Нови победи запишаа и најдобрите тимови во лигата: Хјустон и Голден Стејт.
Натпревар на плејоф ниво одиграа Далас и Оклахома во Тексас. Двата тима добија по едно полувреме, Оклахома во првиот дел имаше и 15 поени предност, а Далас успеа да се врати во мечот во вториот дел, а со поените на Билал Пауел избпри дополнителни пет минути.
Во продолжението Далас имаше 110:108, кога Вестбрук погоди за два под фаул. Бекот на Оклахома го реализира дополнителното слободно фралање за конечен триумф на својата екипа.
Вестбрук мечот го заврши со 30 поени, 11 скока и 7 асистенции, а најдобро го следеше Пол Џорџ со 23 поени и 11 скока. На спортивната страна Пауле постигна 21, а Херисон Барнс 26 поени.
Лидерот во лигата Хјустон славеше победа во Лос Анџелес над Клиперс 105:92. Гостите триумфот го најавија во првата четвртина во која создадоа предност од 22 поени (12:34). Џејмс Харден постигна 25 поени, а о 22 постигнаа Клинт Капела и Ерик Гордон. Кај Клиперс најефикасен беше Тобијас Херис со 24 поени.
Хјустон е лидер во лигата со 48 поебеи и 13 порази, односно има пораз помалку од актуелниот првак Голден Стејт Вориорс.
Голден Стејт предводен од Кевин Дурент (32 поени) и Стеф Кари (25 поени) го победија четвртопласираниот тим на Истокот Вашингтон 109:101. Кај Вашингтон подобри од останатите беа Кели Убре со 17 и Ото Портер со 16 поени.
Њу Орлеанс добрата форма ја потврди и против Сан Антонио. Кошаркарите на Њу Орлеанс славеа со пресврт 121:116 и ја забележаа седмата победа во низа. Ентони Дејвис го предводеше тимот со 26 поени и 15 скока, а поен помалку постигна Џру Холидеј. На спротивната страна најефикасен играч беше Руди Геј со 19 поени.
Резултати:
Детриот-Милвоки 100:87
Орландо-Торонто 104:117
Атланта-Индијана 107:102
Бостон-Шарлот 134:106
Мемфис-Феникс 102:110