Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, истакнал дека не е тренерски гуру откако успеа својот тим да го однесе во финалето на италијанскиот Куп.
Милан синоќа по изведувањето на пенали го елиминира Лацио во полуфиналето на Купот и за трофејот ќе се бори со Јувентус. Милан под водство на Гатузо нема пораз на последните 13 натревари.
„Знам дека некогаш ги полудувам на тренинзите, но тоа е корисно и на крајот се ќе дојде на свое место. Ова е млад тим, се обидуваме да станеме екипа каква што посакуваат навивачите“, рекол популарниот Рино и дополнил.
„Сакам и една работа да биде јасна, јас не сум голем тренер. Само што ја започнав кариерата. Не сум гуру на клупата, се уште не сум освоил ништо“.
Финалето на Купот е на 9.мај, на „Олимпико“ во Рим.