Top Sport

Вердер си постигна спектакуларен автогол, но извлече реми со Келн

Келн остана без победа на стартот на Бундеслигата, откако Вердер со гол од пенал во финишот на натпреварот успеа да извлече 1:1 реми во првиот петочен меч од седмото коло.

„Јарците“ дојдоа до водство во 67. минута, кога по едно нафрлање во шестнаесетникот Финецот Никлас Моисандер си постигна апсолутно прекрасен автогол, но Вердер успеа да се врати во игра во 82. минута кога Леонардо Битенкорт беше прецизен од белата точка по играњето со рака во шестнаесетникот на гостите.

За Вердер ова е четврто реми во низа и сега се на 10. место на табелата со 10 поени, додека Келн го чека првиот триумф во новата сезона и се наоѓа на 16 место со 3 поени.

Scroll to Top