Top Sport

Фенербахче еден месец без Де Коло

Фенербахче еден месец ќе биде без својот најдобар играч, Нандо Де Коло. Фрнацускиот репрезентативец се повреди вчера, во текот на натпреварот со Химки, во Евролигата.

Де Коло, по само три минути игра, го повредил листот на десната нога. Ден подоцна клубот соопшти дека го очекува 30-дневна пауза.

Фенербахче и без Де Коло успеа да го победи Химки со 83:71.

Турскиот тим има скор од четири победи и три порази во Евролигата. Де Коло, во ова натпреварување, има просек по натпревар од 13 поени, 3,6 асистенции, 3,4 скока и 1,4 украдени топки.

Scroll to Top