Кошаркарите на Минесота забележаа изненадувачки триумф во Оклахома 115:113. Оклахома ја замолкна младата ѕвезда на Минесота Ендру Вигинс со тројка која ја постигна со звукот на сирената.
Вигинс победничката тројка ја погоди од десет метри, а натпреварот го заврши со 27 поени, 7 скока, 4 асистенции и 2 украдени топки. Во чекор го следеше соиграчот Карл-Ентони Таунс со двоен ефект од 27 поени и 12 скока.
Голем придонес во триумфот над Оклахома дадоа и играчите кои летово стигнаа во тимот: Џеф Тиг (19, 6 скока, 9 асистенции) и Џими Батлер (15 поени, 6 скока, 6 асистенции).
Оклахома која го забележа вториот пораз во третиот меч сезоната ја предводеа Расел Вестбрук (31 поен, 10 асистенции, 5 скока), Кармело Ентони (23 поени) и Стивен Адамс (17 поени, 13 скока).
ЛА Лејкерс по убедливата победа во Феникс, загубија од Њу Орлеанс 112:119. Пеликанс ги предводеа Ентони Дејвис со 27 поени и 17 скока и Демаркус Казинс со 22 поени и 11 скока.
Кај Лејкерси се истакнаа Џордан Кларкстон со 24, односно Колдвел-Поуп со 20 поени. Вториот пик на драфтото Лонзо Бол постигна само осум поени, на кои придодаде 13 асистенции и осум скока.