Славниот француски фудбалер Тиери Анри застана во одбрана на Лионел Меси, кој од почетокот на сезоната често е критикуван. Аргентинецот, до попладнево, немаше постиганот гол од игра за Барселона. Против Бетис, Меси, блесна со два гола и асистенција.
„Се смеем кога ќе слушнам дека го критикуваат Меси. Луѓето забораваат дека минатиот месец играше во Еквадор, а потоа и во Боливија. Во Боливија не можете да одите,а не пак да трчате, играчи од Европа таму паѓаат во несвест“, рекол Анри и дополнил.
„Луѓето забораваат дека играчите не се роботи. Разбирам дека критиките ги продаваат весниците, но овој играч не е таков. Сериозно, играв со Меси, тој не е човекот кого треба да го критикувате. Тој заслужува среќа. Немерлива е количината на среќа што тој им ја испорачува на навивачите. Па ние плаќаме за да го гледаме како игра. Тој ја заслужува сета среќа и се надевам дека ќе продолжи да игра, да ни ги грее срцата со своите изведби на теренот“.