Top Sport

О’Саливен го победи Грејс за 44 минути!

Рони О’Саливен продолжи со својот речиси невозможен поход кон петта титула оваа сезона, откако со 4:0 го победи несреќниот Дејвид Грејс во шестнаесетфиналето на Велшкиот опен.

Петкратниот светски шампион повторно беше во топ-форма и победи со брејкови од 96, 133, 48, 63 и 100, со што стигна до победа за 44 минути, додека светскиот број 67, Грејс, повеќето време го помина седејќи на столчето.

Во четврток за пласман во четврт-финалето на турнирот кој го има освоено четири пати, О’Саливен ќе игра со Мајк Дан, кој со 4:2 го победи Кинезот Ксу Си.

Домашниот фаворит Метју Стивенс со 4:1 го победи светскиот шампион од 2015 година, Стјуарт Бингам за да обезбеди дуел со Јан Бингтао, кој со 4:1 беше подобар од Питер Ебдон.

ШЕСТНАЕСЕТФИНАЛЕ

Стедмен – Сенгкам 2:4

Фанг – Хокинс 2:4

Грин – Естли 3:4

Ватана – Вилсон 3:4

Дан – Ксу 4:2

Бингам – Стивенс 1:4

Бингтао – Ебдон 4:1

Scroll to Top