Top Sport

Солскјер: Сè беше подготвено да паднеме

Тренерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, бил разочаран од одлуката на премиер лигата, неговиот тим да му гостува на Евертон од 13.30. Јунајтед, во привот натпревар од саботата програма го победи Евертон со 3:1.

Манчестер јунајтед, во средата, гостуваше во Истанбул кај Башакшекир.

„Времето на натпреварот беше наместено за ние да паднеме. Ние игравме во Турција, дома се вративме во четвртото во 4 часот, а Премиер лигата ни закажа меч во сабота од 13.30 часот. Тоа е катастрофа“, рекол Солскјер.

Барал од клубот да го одложи мечот, односно тој да се игра во недела, но добил одговор дека тоа е невозможно да се направи.

„Играчите не се роботи. Се вративме доба во четврток, во 4 сабајле. Зарем беше голем проблем да играме во недела? Погледнете во каква состојба се играчите, веќе имамем многу повреди во Премиер лигата. Не зборува само за моите играчи, туку и за играчите во другите тимови. Сакаме да бидеме најдобрата лига во светот, но не сакаме да ни се повредуваат играчите“, заклучил тренерот на Манчестер јунајтед.

Scroll to Top