Глазгов Ренџерс, тимот на чие чело е Стивен Џерард, го продолжи фантастичниот старт на сезоната триумфирајќи со неверојатни 8:0 над Хамилтон Академикал за да ја заддржи предноста од 9 поени пред големите ривали Селтик во Шкотската Премиерлига.
За три минути од 16-тата до 19-тата минута, Ренџерс постигнаа три голови преку Арфилд, Руф и Арибо, за до крајот на мечот да немаат милост против последнопласираниот тим во Шкотска. Селтик претходно победија со 4:1 на гости кај Мадервел и имаат два натпревари помалку од Ренџерс.
Ова е најголема победа по ребрендирањето на првата лига во Шкотска Премиерлига во 2013, кога Ренџерс со идентични 8:0 ги победија Стенхаусмуир.