Top Sport

Фетел: Нормално, Мерцедес се фаворити

Себастијан Фетел верува дека Мерцедес ја стартуваат сезоната 2018 како фаворити и покрај најавите на другите тимови дека ќе пружат остра битка за трофејот.

Фетел лани заврши на второто место во генерален пласман откако загуби поени во последната третина од сезоната од Луис Хамилтон, а студеното време не дозволува проценка на тоа до каде се тимовите на тестирањето во Барселона, но Фетел верува дека Мерцедес се тимот кој мора да се победи.

„Мислам дека ситуацијата е во основа иста. Мерцедес се фаворити, така што ако можеме да бидеме поблиску до нив би било супер, па потоа да ја градиме сезоната. Годината е долга, уште е март, а возиме до ноември. Има многу време за пресврти“, вели Фетел.

Запрашан дали Ферари направија сличен скок во перформансите како од 2016 до 2017 година, Фетел не даде директен одговор.

„Сè е можно, но на тоа прашање во моментов него знам одговорот. Работите одат добро за нас, но сите имавме малку време на патеката, така што е тешко да се процени до каде сме во односот со конкуренцијата. Првата недела тоа не е најважно – мора да бидете сигурни дека вашата машина работи, другото доаѓа понатаму“, вели Фетел.

Scroll to Top