Top Sport

И Тур де Франс се откажува од девојките на подиумот?

Организаторите на најпознатата и најславната велосипедска трка на светот, Тур де Франс размислуваат да прекинат со традицијата на крајот на секоја етапа, до победникот да има девојки, јавува „Тајмс“.

Според британскиот весник, организаторите АСО знаат дека се работи за „чувствителна“ тема и уште немаат донесено конечна одлука, но размислуваат за ваква смена откако Формула 1 најави дека веќе нема да користи модели на секоја трка од шампионатот.

Вуелта Еспања уште минатата година не користеше модели на подиумот, додека австралиската трка Тур Даун Андер веќе неколку години користи деца и млади спортисти за доделување на наградите.

Крај на уште една Ф1 „традиција“ – нема веќе девојки за претставување (галерија)

Scroll to Top