Ракометните судии од Македонија, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, се делегирани од страна ИХФ, за Светското првенство во Египет.
Начевски и Николов се една од најдобрите судииски двојки, тие го судеа финалниот натпревар на последното Европско првенство.
Македонските судии шест пат по ред ќе ја делат правдата на ракометните Мундијали.