Флојд Мејведер Јуниор не сака да се осврнува на шпекулациите дека ќе се врати во рингот, и очигледно ужива во пензионерскиот живот, нормално, фалејќи се преку социјалните мрежи.
Конор Мекгрегор најави дека Мејведер ги откажал преговорите за ри-меч кој би му донел стотина милиони долари, колку што заработи за нивниот меч во август. Последната низа на постови на социјалните мрежи јасно покажуваат што сака најмногу да прави во моментов 41-годишниот непоразен шампион со 50-0 скор.
Покрај видеото со фантастичен поглед од балконот од стан во Хонг Конг, Мејведер додаде и фотографија од плажа од Мексико со јасна порака: „Еб.но го сакам мојот живот“.