Top Sport

По три црвени картони, Бешикташ и Фенер израмнети (видео)

Бешикташ и Фенербахче се сретнаа вторпат по само пет дена, овојпат во првиот меч од полуфиналето на Турскиот куп, во жесток меч во кој имаше три црвени картони и четири гола, за да заврши 2:2.

„Црните орли“ поведоа уште во 14. минута преку Алваро Негредо, но само три минути подоцна, Фенер израмни преку Роберто Солдадо.  Во 44. минута, Алпер Потук доби втор жолт картон и Фенер остана со играч помалку, но до финишот на полувремето го преземаа водството преку Сенер Озбајракли.

Рикардо Кварезма, подолго време еден од најдобрите играчи на Бешикташ влезе во игра во второто полувреме и веќе во 52. минута доби директен црвен картон поради удирање на противник.

Фенербахче потоа остана со девет играчи, откако ветеранот Волкан Демирел доби втор жолт картон во 77. минута, а домаќините го искористија ова за да израмнат на 2:2 преку Андерсон Талиска во 82. минута. По сите оддолжувања, мечот имаше дури 10 минути дополнување во второто полувреме.

Кварезма ги однесе Бешикташ до голема победа над Фенер (видео)

Scroll to Top