Борбата за титулата во Шпанија уште не е завршена. Барселона одигра само 1:1 на гостувањето кај Лас Палмас на Канарските Острови за разликата на табелата пред Атлетико Мадрид да остане на само пет поени пред гостувањето на „јорганџиите“ на „Ноу Камп“ овој викенд.
Сè одеше според планот на тимот на Ернесто Валверде, откако Лео Меси постигна прекрасен гол од слободен удар во 21. минута од мечот за да донесе предност за Каталонците.
This free kick goal by Messi was a BULLET pic.twitter.com/v0eg8Rlidb
— All Sports ALL Day (@SportDebates365) March 1, 2018
Меѓутоа, на почетокот на второто полувреме, поточно во 48. минута, по една мешаница во шестнаесетникот на Барса, беше досуден пенал, а Џонатан Калери беше сигурен од белата точка за голем поен за тимот кој се бори за опстанок во лигата.