Top Sport

Бруер пред трансфер во Оклахома

Кори Бруер наскоро треба да ја официјализира соработката со Оклахома Сити Тандер. Бруер сезоната ја започна во ЛА Лејкерс,, а пред неколку дена тој со клубот договорил спогодбена разделба.

Бруер ќе потпише договор со Оклахома до крајот на сезоната. Тој треба да го поплни местото на бековската позиција кое е испразнето по тешката повреда на Андре Робертс.

Бруер сезонава за ЛА Лејкерс настапи на 54 натпревари, во просек на теренот минувал по 12 минути со учинок од 3,7 поени и 1,7 скока.

Оклахома се уште нема обезбедено пласман во плејофот. Тандер се трети на Западот со 36 победи и 27 порази.

Scroll to Top