Владата донесе одлука да ги награди македонските фудбалски репрезенативци со по 10.000 евра, соопшти премиерот Зоран Заев преку социјалните мрежи.
„Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство“, стои во изјавата на Заев.
Честитки до репрезентативците упатија и претседателот Стево Пендаровски, како и лидерот на најголемата опозициска партија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски.
Вечерва на седница на Владата донесовме одлука од буџетските резерви да ги наградиме сите членови на македонската фудбалска репрезентација со по 10.000 евра, за историскиот успех – пласман на Европско првенство. ?? #ОдимеНаЕвропско pic.twitter.com/iyD0BAuXiC
— Зоран Заев (@Zoran_Zaev) November 12, 2020
Историски успех на македонската фудбалска репрезентација! Браво момци, се гордееме со вас! Одиме на Европско! ?? pic.twitter.com/k9F1pfL1l3
— Stevo Pendarovski (@SPendarovski) November 12, 2020
Победа вредна 30 години и историски резултат. Честитки за јунаците кои со срце, вложена сила и талент покажаа дека Македонија може големи работи. Македонија ви се поклонува.
Колку сме, толку сме, токму сме. Ние сме Македонци.
Напред Македонијо! ??
— Христијан Мицкоски (@MickoskiHM) November 12, 2020