Top Sport

Вудворд јавно го поддржа Солскјер

Манчестер јунајтед сакаат да продолжат да одат по патот, по кој ги води менаџерот Оле Гунар Солскјер, соопштил спортскиот директор Ед Вудворд. „Црвените ѓаволи“, од почетокот на сезоната, сеуште немаат победа на домашен терен, во Премиер лигата се наоѓаат на 14 место.

Поразите од Арсенал и Башакшекир сериозно ги разнишаа позициите кои ги има менаџерот солскјер во клубот. Медиумите шпекулираа дека Јунајтед започнале преговори со Маурицио Покетино.

„За да бидеме константни, пред нас е напорна работа. Сепак, сакаме да останеме со Солскјер на овој пат, додека тимот продолжува да се развива“, рекол Вудворд.

Scroll to Top