Top Sport

Конте стравува дека Сити ќе се уште посилни следната сезона

Финансиската моќ на сопствениците и тактичките квалитети на Пеп Гвардиола значат дека Манчестер сити ќе стане уште помоќен тим следната сезона, предупредува менаџерот на Челси Антонио Конте пред неделниот дуел со лидерите во Премиер лигата.

Тимот на Гвардиола доминира оваа сезона и веќе има 16 поени предност пред Манчестер јунајтед и 22 поени пред актуелните шампиони Челси и се на чекор до трета титула во последните седум години.

„Следната година ќе биде уште потешко. Тие имаат можност да трошат пари и да го подобрат квалитето на својот состав. Секогаш велев дека мора да се внимава на Сити. Тешко е да се најде слабост на овој тим кој го имаат“, вели Конте.

Конте, кој неколку пати јавно го критикуваше Челси за трансфер-политиката и тврдеше дека планира да остане во клубот до крајот на договорот и покрај шпекулациите за селење на италијанската клупа, го испофали системот на трансфери на Сити.

„Кога работиш добро и има добро чувство меѓу менаџерот и клубот, можеш да работиш како сакаш. Кога ќе ги поврзеш тие две ситуации – добар менаџер и пари за трошење на пазарот, резултатите ќе дојдат“, додава Конте.

Фото: ЕПА

Scroll to Top