Top Sport

Кинеското дерби на Гуангжу за тимот на Пикси (видео)

Гуангжу Евергранде со пораз ја стартуваа одбраната на титулата од кинеската Супер лига, откако во трилер натпревар загубија со 5:4 од своите градски ривали Гуангжу Р&Ф.

Ксијао Жи го постигна победничкиот гол на 15 минути пред крајот на натпреварот со удар со глава , откако Еран Захави (Р&Ф) и Алан Карваљо (Евергранде) имаа хет-трик во мечот. Поранешниот израелски репрезентативец Захави, кој лани беше најдобриот стрелец во лигата израмни во финишот на натпреварот, пред Ксијао да ги освои трите поени за клубот на Драган Стојковиќ-Пикси.

„Фудбалот не е игра само на напаѓачите, и требаше да ги подготвам моите дефанзивци многу подобро. Не сакам да се повтори вакво нешто“, вели новиот тренер на Евергранде, Фабио Канаваро.
http://topsport.mk/fudbal/piksi-zarabotuva-povekje-od-konte-klop-cholo-zidan/

Scroll to Top