Тренерот на Болоња, Синиша Михајловиќ го испофали поранешниот капитен на Франческо Тоти како најдобриот фудбалер кого имал чест да го види и уште е шокиран што тој никогаш не освои „Златна топка“.
Во својата нова автобиографија „La Partita della Vita“ (Партија на животот), српскиот тренер вели дека Тоти бил подобар од сите други италијански големи фудбалски имиња.
„Баџо, Дел Пјеро, Манчини, Ѕола… Тоти беше покомплетен фудбалер од сите нив. Тој постигна 250 гола и имаше над 1.000 асистенции. Видете кои фудбалери ја освојуваа ‘Златната топка’, а ниту еднаш не му ја дадоа нему. Кога имаше проблем со Рома во времето на Карлос Бјанки, сакав да го донесам во Сампдорија. Кога мислеше за пензија, сакав да го донесам во Торино да ми биде асистент. Меѓутоа, тој во ниту еден момент не сакаше да ја разочара и напушти Рома. Никогаш не сум видел таков фудбалер“, вели Михајловиќ.