Top Sport

Јанис: Парите не се важни, семејството го обезбедив, сакам да победувам!

Актуелниот МВП на НБА лигата, Гркот Јанис Адетокумбо зборуваше за плановите за во иднина. Многу се зборува за тоа дали ќе остане во Милвоки или наредната сезона како слободен играч ќе побара нова средина.

„Секој има свое мислење, многу се зборува за тоа. Јас ќе го направам тоа што е најдобро за мене и за моето семејство. Не знам зошто не би останал во Милвоки уште неколку години. Се додека се разбираме во екипата, нема никакви проблеми. Ако сите сакаме да сме најдобри и да освојуваме титули, јас сум подготвен да останам колку што треба. Но, ако тоа се промени, ќе се промени и мојот став“ вели грчкиот кошаркар.

Наредната година му истекува договорот со Бакси.

„Веќе реков – сакам да победувам. Парите не ми се важни, веќе го обезбедив семејството, своите деца и внуците. Сега ми е само важно да бидам најдобар и да победувам. Ако организацијата прави се за да станеме шампиони, ќе останам уште неколку години“ – вели НБА кошаркарот.

Scroll to Top