Поранешниот боксерски шампион, Ленокс Луис во својот филм „Lennox: The Untold Story” открива што точно се случувало пред неговата борба против Мајк Тајсон.
Пред прес-конференцијата Луис рекол дека нема да се појави пред Тајсон, но сепак застанал во соочувањето со „челичниот“. Тогаш, настанал општ хаос и тепачка, тензиите биле превисоки и пресот се претворил во тепачка.
Луис во филмот објаснува што точно се случило:
„Ја фрли капата и ме нападна. Трипати го удрив, а тој ме гризна за нога“.
На спектакуларниот меч Луис славеше со нокаут, а проценките се дека двајцата боксери за таа борба инкасираа по околу 20 милиони евра, само до преносот на борбата.
Еве како изгледаше прес-конференцијата: