Фенербахче го победи Реал во Мадрид 86:83 во последниот натпревар од 24.коло во Евролигата. Европскиот шампион до победата го предводеше Слукас кој своите 20 поени ги постигна во второто полувреме. Фенербахче со оваа победа ја продолжи борбата со Олимпијакос за втората позиција на таеблата, двата тима имаат по 17 поебеди, додека Реал го дели петтото место со Химки и Панатинаикос.
Фенер започна моќно во Мадрид поведе со 14:2, но Реал до крајот на првиот период се врати во мечот (20:20). Во вториот период подобро играше домашниот тим, кој на полувреме имаше пет поени предност 45:40.
Третиот и четвртиот квартал му припаднаа на Фенер кој предводен од Слукас одржуваше разлика најчесто од шест поени.
Токму со неговата тројка на 90 секунди до крајот турскиот тим поведе 84:78, но Реал во самата завршница преку Кампацо и Руди Фернандез кој погоди тројка се доближи на поен негатива. Точка на мечот стави Слукас од линијата за слободни фрлања.
Грчкиот репрезентативец постигна 20 поени, а го следеаа Датоме со 17 и Нанали со 16 поени. Најефикасен кај Реал беше Керол со 15 поени.