Челниците на шпанската Ла Лига поврдија дека од наредната сезона на натпреварите во употреба ќе биде ставен популарниот видео систем, ВАР.
Оперативниот центар на овој систем ќе биде сместен во мадридската општина Ла Розас.
Сликите по кои ќе бидат носени одлуките ќе ги обезбеди Медиапро, додека Ла Лига ќе ги покрие трошоците за развој.
ВАР би требало да ги сведе на минимум грешките поврзани со гол ситуациите, пеналите, директните црвени картони…
ВАР последните сезони е ставен во употреба, но системот често наидува на критики во Италија, Германија и Англија, најмногу поради тоа што го ремети ритамот на играта и создава конфузија на теренот.