Македонскиот интернационалец Перо Антиќ истакнал дека клуч за победата над Уникаха (80:76) во 24.евролигашко коло била тимската одбрана.
Десеттата победа во Евролигата треба да ја врати самодовербата кај „црвено-белите“ која беше размишана по поразот во финалето на домашниот Куп. ПО тој натпревар и по поразот од Бамберг се појавија шпекулации дека атмосферата во тимое е нарушена и дека најискусните Антиќ и капитенот Лазиќ водат бунт против тренерот Алимпијевиќ.
„Нема никакви проблеми, таа вештачка атмосфера ја создадоа поединци. Хемијата во овој тим е одлична, сјајно се дружиме. Доколку нема искри на теренот тогаш нешто не е в ред. Сите се сакаме и се почитуваме, го видовте резултатот на таквиот однос. Ако го кренам гласот тоа е поради тоа некој да слушне каков „пик“ треба да се игра, а не само за да викам. Сите ние сме професионалци, ја знаеме својата работа, си ги знаеме улогите. Се знае кој треба да вика, само тренерот, а ние како тим треба да слушаме“, рекол Антиќ.
36-годишниот крилен центар против Уникаха имаше најголема минутажа откако по повредата се врати во тимот. Мечот го заврши со два скока и една асистенција за нешто повеќе од 17 минути игра.
„Ми беше помалку чудно што воопшто играм по паузата. Едно е кога работите во теретана, а кога играте натпревар е нешто друго, без оглед на тоа што физички подготвен“, дополнил Антиќ.