Лотар Матеус вели дека Баерн Минхен детално ја следат кариерата на Унгарецот Доминик Собослаи, фудбалер кој го спореди со неговиот легендарен сонародник Ференц Пушкаш.
20-годишниот фудбалер на Ред бул Салцбург подолго време е поврзуван со големи клубови како Арсенал, Манчестер јунајтед и Реал Мадрид, а уште повеќе си ја крена цената кога со прекрасен гол во драматичен финиш ја однесе Унгарија на Европското првенство. Матеус, кој добро го познава унгарскиот фудбал, бидејќи во минатото беше селектор на нивната репрезентација, вели дека Баерн се на „пол-позиција“.
„Тој е дијамант! Ист е како Каи Хаверц. Можеби во јануари ќе отиде во РБ Лајпциг, но сигурен сум дека големите европски клубови го следат, секако, и Баерн Минхен. Во Унгарија веќе го прогласија за наследник на големиот Ференц Пушкаш и мислам дека се во право“, вели Матеус.