Top Sport

Дурент потврди дека ќе остане во Голден Стејт

Кевин Дурент најавил дека ова лето сигурно ќе го продолжи договорот со Голден Стејт Вориорс. Дурент минатото лето се согласи да добие 10 милиони долари помалку, од она што можеше да го добие со максималниот договор, само за клубот да може да ги задржи Андре Игудала и Шон Ливингстон.

Дурент со Вориорс потпиша двегодишен договор, а на крајот од сезоната ќе ја искористи опцијата да стане слободен агент.

„Не размислувам на таа тема. Тука сум“, рекол Дурент, а на прашањето дали е 100 отсто сигурен дека ќе потпише нов договор рекол: „Да, да“.

Дурент сезонава во просек бележи 26,1 поени, 6,7 скока и 5,4 асистенции по натпревар. Актуелниот шампион во НБА лигата, во овој момент е на второто место во лигата, Вориорс имаат пораз повеќе од Хјустон.

Scroll to Top