Top Sport

Касиљас го напушта Порто

Искусниот шпански голман Икер Касиљас ќе го напушти Порто по истекот на договорот, на крајот од оваа сезона, потврдил директорот на португалскиот клуб Франсиско Маркес.

Касиљас во Порто пристигна во јуни 2015 година по 16 години што ги мина во матичниот клуб Реал Мадрид.

Оваа сезона Касиљас не е во преден план во Порто, иако синиќа блескаше на голот во дербито со Спортинг Лисабон.

Касиљас професионалната кариера ја започна во 1999 година, во мадридски Реал. За „кралскиот клуб“ настапил на 724 натпревари, освоил 18 трофеи, од кои три се во Лигата на шампионите.

Со репрезентацијата на Шпанија два освоил две европски и едно светско првенство.

Scroll to Top