Фудбалерите на Тотенхем го победија Хадерсфилд со 2:0, а со истиот резултат Ливерпул го совлада Њукасл во рамките на 29.коло во Премиер лигата.
Тотенхем до трите бода против Хадерсфилд дојде со головите на Кореецот Сон во 27. и 54.минута. Триумфот над Хадесфилд беше четврти во низа на „Вембли“ за екипата на Маурисио Покетино.
Рутински триумф забележа и Ливерпул против Њукасл. Головите за „црвените“ ги постигнаа Салах во 40. и Мане во 55.минута.
Ливерпул со оваа победа барем до понеделник ќе биде втор на табелата пред Манчестер Јунајтед. „Црвените ѓаволи“ в понеделник му гостуваат на Кристал Палас.
Во наредното коло на програмата е најголемото дерби на англискиот фудбале дуелот на Манчестер Јунајтед и Ливерпул.
Свонси добрата форма во која се наоѓа во вториот дел од сезоната ја потврди и против Вест Хем. „Лебедите“ триумфираа со 4:1 и се искачија на 13.позиција на табелата. Ки, Ван дер Хорн, Кинг и Ају од пенал погодија за тимот од Велс, а почесниот гол за „чеканите“ го постигна Антонио.
Вотфорд минимално го порази тимот на ВБА кој полека ги пакува куферите за Чемпион шип дивизијата. Трој Дини беше стрелец на единствениот гол на натпреварот во 77.минута.
Во опасната зона се наоѓа Саутемптон. Тимот од „Сент Мери“ во директниот дуел со конкурентот за опстанок Стоук одигра без голови.
Драматично беше на „Кинг Пауер“ во Лестер, каде „лисиците“ освоија бод со голот на Ријад Марез постигнат во 97.минута. Претходно Кинг од пенал му донесе предност на Борнмут.