Извесен Питер ван ден Бемп, белгиски новинар, го дегардира најголемиот успех на фудбалската репрезентација на Македонија, која во четвртокот избори пласман на Европското првенство.
Белгискиот новинар ја критикува УЕФА што го прилагодила системот за една репрезентација каква што е Македонија, да може да дојде до шанса да се бори за настап на континенталниот шампионат.
Тој напишал дека настапот на Македонија на ЕУРО 2021 е „како Фолксваген Буба да се трка со болиди на Формула 1“.
„Што требаше да направат Македонците за да дојдат до Европското првенство? Во Д-дивизијата, во Лигата на нации, беа први пред Ерменија, Лихтенштајн и Гибралтар, потоа ги победија Косово и Грузија, во меч кој го реши човек кој има 37 години, Горан Пандев. Сега може да замислите кој се пласира на ЕП. Сето тоа можеби е симпатично, но од друг аспект е деградирачки за првенството. Тоа е како Фолксваген Буба да пуштите да се трка во Формула 1. Бубабта е симпатична и првлекува фанови. Таков е случајот и со Македонија. За ЕП, сепак треба да постојат стандарди“.
Фото/FFM.mk