ВБЦ шампионот во тешка категорија, Тајсон Фјури на комичен начин им прати предупредување на сите можни противници следната година, откако при тренинг со боксерска вреќа за малку ќе ја срушеше вежбалната.
На тренинг под водство на својот тренинг Шугархил Стјуард, Фјури упатува три силни удари, по што вреќата успева да скрши дел од покривот, и Британецот со малку среќа го избегнува хаосот.
„Тоа можеше да ме повреди, еб.н идиот! Ти си еб.н идиот, Шугар“, вика со насмевка Фјури.
Тој немаше проблем да го сподели ова на Инстаграм со порака: „Ова ве чека сите во 2021“.
Кој ќе биде следниот негов противник останува неизвесно, откако Дионтеј Вајлдер бара одмазда во трет меѓусебен меч, а „Џипси кинг“ веќе договори два меча со сонародникот Ентони Џошуа за обединување на титулите следната година.