Top Sport

Де Хеа не сака да „мрдне“ од Јунајтед

Давид де Хеа вели дека иако се наближува комплетирањето на деценијата во Манчестер јунајтед, презадоволен е на „Олд Трафорд“, чувствувајќи се како дома во клубот.

30-годишниот шпански голман во Манчестер дојде од Атлетико Мадрид во 2011 година, во ерата на Сер Алекс Фергусон, како замена за Едвин ван дер Сар, и стана незаменлив меѓу диреците, а во исто време и прв избор во шпанската репрезентација. И покрај малиот пад на формата минатата сезона, Оле Гунар Солскјер верува во него и Де Хеа вели дека чувствува голема одговорност.

„Прекрасно е да се биде тука, и да бидам искрен, се чувствувам како дома во Манчестер .Уште сум истата личност која пристигна пред речиси десет години, но со многу повеќе искуство и зрелост. Знаев дека доаѓам во голема лига, без познавање на јазикот, во различна култура, но тука израснав“, вели Де Хеа.

Шпанецот освои една титула од Премиер лигата, како и трофеј од Лига Европа со „ѓаволите“.

Scroll to Top