Фудбалерите на Милан со победата во Неапол (3:1) се вратија на челната позиција во Серија А. На „Сан Паоло“, блескаше Златан Ибрахимовиќ со два гола.
Милан, по пауза од десет години, победи како гостин против Наполи. Интересно и тогаш клучен играч во победата беше Ибрахимовиќ.
„Милан му верува на Ибрахимовиќ. Тие 100 отсто веруваат во она што го прават. Ми се чини дека е посилен сега, него што беше пред 10 или 12 години“, рекол тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, инаку поранешен соиграч на Ибрахимовиќ.
Златан синоќа стана највозрасниот играч во Серија А, кој во првите осум кола постигнал десет гола.