Top Sport

Барселона без Меси и Де Јонг ќе патува во Украина

Лионел Меси го нема на листата на патници, за натпреварот во Киев, против Днамо во Лигата на шампионите. Во авионот кој ќе ја однесе експедицијата на Барса во Украина ќе го нема и Френки де Јонг.

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, проценил дека на овие двајца фудбалери им е потребен одмор.

Де Јонг, од почетокот на сезонатаж, не пропуштил ниту еден натпревар на Барселона, а играше и за репрезентацијата на Холандија.

Слична е ситуацијата и со Лионел Меси. Тој минатата недела играше за својата репрезентација квалификациски натпревари за пласман на Светското првенство, а во саботата го одигра целиот натпревар против Атлетико во Мадрид.

Барселона, утре од 21 часот, ќе гостува кај Динамо. Каталонците се лидери во Г-групата со девет бода, шест има Јувентус, а Динамо и Ференцварош имаат по еден бод.

 

Scroll to Top