Фудбалскиот клуб Барселона има ново расход. Клубот кој е соочен со големи финансиски проблеми на Борусија Дортмунд ѝ плати 5.000.000 евра. Против Атлетико Мадрид, Усман Дембеле го одигра 75 натпревар за Барселона и според договорот се активираше клаузулата.
Двата тима имаат договор „милионерите“ да добиваат по 5.000.000 евра на секој одигран 25 натпревар на Дембеле.
Барселона, фиксно за трансферот на Дембеле платиле 105.000.000 евра, а со активирањето на клаузулите, досега за францускиот фудбалер платиле 130.000.000 евра.
Ова е четвртиот најскап трансфер во историјата на фудбалот.
Пред Дембеле се само неговиот соиграч Филипе Кутињо (160 милиони/Ливерпул-Барселона), Килијан Мбапе (180 милиони/Монако-ПСЖ) и Нејмар (222 милиони/Барселона-ПСЖ).
Доколку бидат исполнети сите бонуси од договорот, трансферот на Дембеле може да ја чини Барселона цели 148.000.000 евра. Среќа за Барселона е што тие бонуси сигурно нема да бидат исполнети. „Милионерите“ би требало да добијат пари и доколку Дембеле ја освои „Златната топка“, што од оваа перспектива делува невозможно.
Барселона го донесоа Дембеле како замена за Нејмар. Од 2017 година до денес тој постигнал само 22 гола. Не успеа да оправда ниту цент од вложените пари, поради што логично се наметнува прашањето дали е ова најлошиот трансфер во фудбалската историја?