Најскапото засилување во историјата на Арсенал, Никола Пепе, преку својот профил на „Инстаграм“, се извини за непромислениот потег на натпреварот со Лидс јунајтед.
Пепе, предизвика инцидент, по еден дуел со македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски, поради што во 53.минута доби директен црвен картон.
„Го оставив тимот на цедило во клучниот период од натпреварот, нема оправдување за моето такво однесување. Жалам, сакам да им се извинам на навивачите, соиграчите, тренерот и на сите во клубот“, напишал Пепе.
Репрезентативецот на Брегот на Слонова коска, минатото лето за 80.000.000 евра од Лил се пресели во Арсенал. Досега не ги оправда парите кои клубот ги вложи во него. За Арсенал има одиграно 38 натпревари и постигнал шест гола.
View this post on Instagram