Наполи, во неделата, беа порњзени од Милан (1:3), во дерби дуелот во Серија, а ден по натпреварот, тренингот се одвивал во тензична атмосфера. Според италијанските медиуми, тренерот Џенаро Гатузо, ги обвинил фудбалерите дека не биле воинствени на теренот.
Наводно, некои од фудбалерите реагирале на навредите и зборовите што ги добиле од тренерот.
Темпераментниот Рино, дури и се заканил со отказ, доколку играчите не мислат да го сменат ставот што го имаат на теренот.
Луѓето што го познаваат добро Гатузо, рекле дека тој може да ги оствари заканите, бидејќи парите ај него не играат клучна улога.
Во Милан, кога доби отказ, не ги земал парите што му следувле според договорот, туку му ги подарил на клубот.