Top Sport

Модриќ: Со Интер мора да играме како во финале на ЛШ!

Поранешниот освојувач на „Златната топка“, Лука Модриќ ги предупреди своите соиграчи од Реал Мадрид дека утре ги очекува ист меч како „финале во ЛШ“ во пресметката со Интер, во која влегуваат без Карим Бензема.

Двата тима немаа најдобри настапи во Европа оваа сезона и трите освоени поени во меѓусебната пресметка ќе значат многу за борба во нокаут фазата.

„Мораме да го играме овој меч како финале, како вистински тим. Се надевам дека ќе успееме во тоа. Сите знаеме колку Карим е важен фудбалер за нас, но сега му веруваме на Маријано Дијаз. Кои и фудбалери да ни недостасуваат, мораме да играме како тим да ги пополниме дупките“, вели Модриќ.

Критиките го „стигнаа“ и тренерот Зинедин Зидан, но Модриќ вели дека тие имаат целосна доверба.

„Имаме толку многу титули освоено со него, така што никој не се сомнева дека ќе продолжиме да победуваме“, објаснува Хрватот.

Scroll to Top