Top Sport

Маркез мора да оди на уште една операција?

Возачот на Репсол Хонда, Марк Маркез, до 1.декември ќе реши дали и трет пат ќе ја оперира коската на надлактицата, објавија шпанските медиуми. Шпанецот се повреди на првата трка во сезоната, на патеката во Херез.

Маркез, по првата операција се обиде да се врати веќе на наредната трка, но само ја вложи состојбата, поради што му беше извршена уште една операција. Поради тоа осумкратниот светски првак, ја пропушти целата сезона.

Прашање е дали Маркез ќе биде подготвен за почетокот на сезоната 2021. Според шпанските медиуми тој ќе мора повторно да биде опериран. „Марка“, шпекулира дека во тој случај ќе се соочи со пауза од шест месеци, што значи дека на патеките би се вратил во мај наредната година.

За разлика од шпанските медиуми, Репсол Хонда неодамна соопшти дека рехабилитацијата на Маркез се одвива според планот и дека нема потреба од нова операција.

Scroll to Top