Приватниот Мото ГП тим, Тех 3 ќе користи мотоцикли на КТМ од сезоната 2019 година, по одлуката да се разделат со долгогодишниот партнер Јамаха.
Францускиот тим вози со мотоцикли на Јамаха во елитната класа од 2001 година, но во февруари направи одлука да се раздели со јапонскиот производител, заменувајќи го со австрискиот гигант КТМ, кој постепено ги зголемува инвестициите во Мото ГП по заминувањето од Дакар релито. Тех 3 ќе биде првиот „сателитски“ тим на КТМ во шампионатот.
Шефот на Тех 3, Ерв Поншарал тврди дека неговиот тим ќе добива идентични мотоцикли со тие на фабричкиот тим на КТМ. Тех 3 оваа сезона ќе вози со Жоан Зарко и Хафиж Сјарин, кој го замени болниот Јонас Фолгер. Зарко имаше одлична сезона во 2017, завршувајќи како петти во генерален пласман, и шпекулациите велат дека од 2019 ќе настапува во фабричкиот тим на КТМ.
Фото: ЕПА