Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери во историјата, во средата, почина од срцев удар, во својот дом во Тигре.
Многумина сметаат дека Марадона е најдобриот во историјата, дека никој и никогаш нема да биде подобар од него. Марадона пак титулата за најдобар во историјата му ја доделил на еден свој сонародник, но не на Лионел Меси, туку на Алфредо Ди Стефано, легендата на Реал Мадрид.
„Мислам дека Ди Стефано е најдобриот во историјата. Беше супериорен во споредба со другите, дури и со мене“, рекол Марадона, познат по своето големо его.
„Пеле никогаш не сакаше да ја препознае големината на Алфредо Ди Стефано. Пријателите на Пеле дури измислија трофеј само за него. Дури и јас го победив Пеле во Рио Де Женеиро, во изборот за најдобар на сите времиња“.
Ди Стефано за реал играл во периодото 1953-1964, освоил пет титули во Купот на шампионите и два пати вил прогласен за најдобар играч во светот.
Роден е во Буенос Аирес, 14 години пред Пеле и 34 години пред Марадона. Тој играл за три репрезентации Аргентина, Колумбија и Шпанија, но од разни причини никогаш не играч на Светско првенство.
Ди Стефано почина пред шест години во Мадрид.