Диего Армандо Марадона фудбалски гениј, почина во средата од срцев удар. Аргентинската легенда, покрај брилијантните потези ќе остане запаметен и по своите изјави.
„Јас сум црн или бел, никогаш сив“ и дека голот против Англија е „Божја рака“, се едни од неговите најпознати изјави.
Познато е дека во текот на целата кариера, а подоцна и како тренер, секогаш зборувал без „влакна на јазикот“.
„Што и да се случи, кој и да е тренер или селектор, десетката е секогаш моја“.
„Доколку влезеш во шеснаесетникот и шутнеш кон голот, тоа е исто како да танцуваш со својата сестра“.
„Фудбалот не ме заморува, но оние околу него да. Постојат директори, личности на кои им е многу поважно да се фотографираат отколку да направат нешто за клубот“.
„Ако е Пепе Бетовен, тогаш јас сум Рон Вуд, Кит Ричардс и Боно во едно. Јас сум страста на фудбалот“.
„Дали видовте како Кристијано Роналдо ги прославува головите и позира. Покрај фудбалот тој во продава и шампиони“.
„Моите грешки? Фудбалот не би требало да плаќа за нив, виновен сум јас, а не топката“.
„На СП во Америка ми ги ампутираа нозете без можност да се бранам“.
„Ако мојата мајка вели дека сум најдобриот во светот, а таа секогаш е во право, тогаш сум најдобар“.
„На почетокот, кога се дрогирате сте еуфорични, исто како кога ќе освоите првенството. Се дрогирате и си мислите: Гаје ми е за утре, денес можам да освојам сè“.
„Мојата Божја рака ни донесе Папа Аргентинец“.
„Пеле би требало да се врати во музеј“.
„Во светот има стотици како Бекам“.
„Привилегиран сум, но тоа е Божја волја, тој направи да сум голем. Поради тоа се крстам кога излегувам на теренот. Никогаш не би го предал Бога“.
„Кога ќе реши Бог ќе дојде по мене“.