Top Sport

Блажевиќ: Не напушти фудбалски поет, човек од народот

„Еден и единствен, народен човек“, вака во изјава за „Спортклуб“, зборува за починатиот Диего Марадона, легендарниот хрватски тренер Мирисла Ќиро Блажевиќ.

„Не напушти фудбалски поет. Имав можност да го запознам. На секој што ќе му пријдеше му пушташе рака ќе го прегрнеше. Имаше голема душа, тоа го покажуваше во секој момент. Се кај него беше спонтано. Од срце..Никој никогаш нема да има референци какви што имаше Марадона. Сегашните фудбалски ѕвезди, мислам на Роналдо и Меси купуваат авиони, се фалат со милионите, Марадона тоа никогаш не го интересирало. Тој живееше на поинаков начин, беше дел од обичниот народ, светот го сакаше, го обожуваше…Се разликуваше од останатите фудбалски великани, беше единствен во се. Фудбалска величина. Најдобар играч кого планетата имала можност да го запознае. Човек од народот. Марадона“, рекол Блажевиќ.

Scroll to Top