Top Sport

„Диего ми кажа дека морал да постигне таков гол, бидејќи првиот бил нерегуларен“

„Божја рака“, сигурно е најпознатиот гол во историјата на фудбалот. Автор на голот е Диего Армансо Марадона. Во четврт-финалето на Светското првенство во Мексико, Марадона со рака успеа да го совлада Питер Шилтон. Четири минути подоцна, волшебникот постигна уште еден гол, спектакуларен, нанижа неколку англиски играчи, го мина Шилтон и погодои.

Натпреварот во на „Астека“ стадионот во Мексико сити, го судеше Паоло Касарин. За „Скај Спорт“, се присетил на тој натпревар.

„Морам да кажам нешто за Диего. Кога го постигна вториот гол, откако нанижа голем број англиски играчи, дојде до мене и ми рече: ‘Морав да постигнам таков гол, бидејќи првиот беше нерегуларен’. Тоа беше Диего, вистинскиот Диего“, рекол Касарин.

Scroll to Top