Фудбалерите на Шахтјор од Солигорск ја освоија шампионската титула во Белорусија. Последното коло во Белорусија имаше неверoјатна завршница во борбата за трофејот, на крајот се радуваа фудбалерите на Шахтјор пред колегите од БАТЕ Борисов.
БАТЕ Борисов, во последното коло влегоа со поен предност во однос на Шахтјор. БАТЕ Борисов, во Минск, против Динамо одиграа натпревар без голови. Шахтјор го пречека тимот на ФК Минск.
Гостите до 72.минута имаа предност од 1:2, кога израмни Аркхипов. Титулата ја обезбедија во 92.минута со голот на Бегунов. Во 99.минута Аркхипов само ја потврди победата.
Шахтјор Солигорск ја освоија втората шампионска титула во клупската историја, претходно беа најдобри во 2005 година.